Connect with us

Фудбал

Ван Перси го продолжи договорот!

Холандскиот напаѓач Робин ван Перси ќе продолжи да игра и во следната сезона.

Легендарниот играч во моментов игра за Феенорд и има договор до крајот на оваа сезона. Сепак, во согласност со клубот, тој одлучи да го продолжи договорот и да остане до крајот на следната сезона.

Иако наскоро ќе наполни 35 години, Ван Перси сеуште игра квалитетно, а во претходната сезона постигна седум гола и 19 асистенции на 19 настапи.

Исто така, треба да се каже дека неговата позиција е сменета во последно време и сега игра повеќе во

Ван Перси ја започна својата кариера во Феенорд, а подоцна играл за Арсенал, Манчестер Јунајтед и Фенербахче.