Connect with us

Фудбал

Ван Перси стигна до 300 гола во кариерата

Триесет и четири годишниот холандски напаѓач, Робин ван Перси постигна 300 гола во својата кариера.

Поранешниот стрелец на Арсенал и Манчестер Јунајтед постигна гол за Фееноорд на натпреварот од холандскиот Куп против Вилем II.

Ван Перси го држи рекордот за постигнати голови за холандската репрезентација и двапати ја освои „Златната копачка“ во Премиер Лигата.

Напаѓачот ја започна својата кариера во Феенорд, каде што постигна 24 гола пред да биде продаден во Арсенал. За тимот од Лондон, Ван Перси постигна 132 погодоци, по што следеше престој во Манчестер Јунајтед и нови 32 гола.

Во Фенербахче, фудбалерот постигна 26 гола пред да се врати во својот матичен клуб.

Во репрезентацијата на Холандија, Ван Перси постигна 50 гола.