Connect with us

Тајмаут

Ванда повторно топ тема: Јас и Икарди повторно заедно?

Ванда Нара и Мауро Икарди беа видени заедно на јавен настан, што беше доволно за повторно да се разгорат шпекулациите дека парот се обединил и започнал нов заеднички живот откако објавија дека се разделуваат во јули.

Аргентинските таблоиди посветија големо внимание на заедничките фотографии, но неколку часа подоцна се јавила самата Ванда која јасно ставила до знаење дека нема намера да се смири со фудбалерот на Галатасарај.

„Повторно со Икарди? Не, не, тоа нема да се случи. Добро ми е што сум сама“, категорична беше Ванда на оваа тема.