Connect with us

Фудбал

Ванда точно знае што му се случи на Игуаин

Бомбардерот на калчо гигантот Милан, Гонзало Игуаин, одигра очајно против својот поранеше клуб Јувентус. Аргентинскиот интернационалец прво го промаши ударот од белата точка, а потоа доби црвен картон.

Ванда Нара, сопругата на капитенот на Интер, Мауро Икарди, тврди дека точно знае што му се има случено на напаѓачот на Милан, кој по добиениот црвен картон сакаше и физички да се пресмета со главниот судија.

  • Одговорот на ова прашање лежи во природата на самиот фудбалер. Мојот Мауро е најдобар на најважните, на најтешките натпревари. Можеби Игуаин не можеше да се носи со притисокот, смета згодната сопруга на повремениот репрезентативец на Аргентина.

Сега успешната фудбалска менаџерка смета дека Игуаин не може да се носи со притисокот и дека бил совладан од емоциите. Поради добиениот црвен картон, Игуаин доби суспензија од два натпревара, но челниците на Милан потврдија дека ќе поднесат жалба во која ќе побараат намалување на казната на еден натпревар.