Connect with us

Ракомет

Вардар без Лекиќ против ФТЦ

Ракометарките на Вардар претстојниот викенд го играат натпреварот од 5. коло во група Ц на Лигата на шампионите, како гостин против ФТЦ Реил Карго во Будимпешта. Тоа е дуел што ќе реши која екипа ќе биде прва на табелата и колку бодови ќе пренесе во следната фаза.

Тренерот на „црвено-црните“ Ирина Дибирова очекува тежок меч против ривалот од Унгарија.

– Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопреме нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч, изјави Дибирова за клупската веб страница.

Мечот со ФТЦ е закажан за в сабота во 13:30 часот.

Во моментов Вардар е лидер во Ц групата со 8 бода од четири натпревари. Вардар веќе обезбеди место во следната фаза од ЛШ, а во зависност од исходот на овој натпревар ќе се знае колку бодови ќе пренесе во следната фаза.