Connect with us

Ракомет

Вардар без Парондо и со втор тим ќе излезе на мегдан со Мешков Брест

Нашиот шампион Вардар утре ги продолжува настапите во СЕХА лигата и тоа со гостување во Белорусија кај Мешков Брест, меч во кој „црвено-црните“ ќе настапат со втор тим и без тренерот Роберто Гарсија Парондо.

Според информациите од официјалниот веб сајт на Вардар оваа одлука е донесена поради репрезентативните обврски и неможноста навреме да се комплетира тимот за ова гостување, па првотимците ќе останат во Скопје. Интересно е тоа што во Брест не отпатува ниту Парондо, па екипата ќе биде предводена од Билјана Црвенковска и Стојан Петрушевски.

Македонскиот шампион со овој состав ќе му се спротистави на Мешков: Јања Војводиќ, Владо Недановски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Стефан Атанасовски, Давид Гашовски, Стефан Крстевски, Дејан Кукуловски и Мартин Димов.

ИЗВОР: DERBI.MK