Connect with us

Фудбал

Вардар домаќин на Пелистер во дербито на 16 коло од Првата лига

Шампионот Вардар во рамките на 16. коло од Првата фудбалска лига попладнево од 18 часот на Националната Арена „Филип Втори“ го пречекува големиот ривал битолски Пелистер. Ова воедно ќе биде дуел на двата тима, кои во ланските натпреварувања на ФФМ ги освоија пехарите – Вардар (првак), Пелистер (победник на Купот на Македонија).

На другите дуели: лидерот на табелата Шкеднија ја има фаворитската улога на домашен терен во Тетово против последнопласираната екипа на Скопје.

Во Струмица Академија Пандев го пречекува Работнички, додека во Прилеп Силекс гостува кај Победа. На стадионот „Чаир“ во Скопје, Шкупи е домаќин на Ренова.

Со исклучок на дуелот Вардар – Пелистер почетокот на другите четири дуели е во 13 часот.

Табела: Шкендија 37 бодови, Вардар 26, Академија Пандев 24, Силекс 22, Работнички 19, Ренова 17, Пелистер 15, Шкупи 15, Победа 15, Скопје 9.