Ракомет
Вардар го прегази Пелистер и ќе го брани трофејот во купот на Македонија
Резултатски недостижно, Вардар на полуфиналниот натпревар го совлада Пелистер со високи 46:27.
Натпреварот започна одлично, Пелистер делуваше како да има сила да го победи Вардар. На почетокот на натпреварот, Битолчани имаа два гола предност во два наврати, но Вардар лесно успеа да се справи со негативата.
Потоа започна апсолутна доминација на Вардар, лесно доаѓаа до позиција за гол, а исто така и лесно ги реализираа таквите шанси. Пелистер делуваше како да е достоен ривал само на почетокот на натпреварот.
Уште на полувремето Вардар замина на пауза со висока гол разлика од 8 гола, а резултатот на полувремето беше 20:12.
Вардар ја оправда улогата на фаворит. На постојаните грешки на Пелистер, Вардар одговараше со голови. Крајниот резултат кажува каква екипа и со колкав квалитет е Вардар.
Натпреварот заврши со високи 46:27 и Вардар го продолжува патот кон одбрана на титулата во купот на Македонија