Connect with us

Ракомет

Вардар ја наполни мрежата на Еурофарм, Пелистер славеше втора победа

Денеска се одигра 7. коло од првата ракометна македонска лига. Двата битолски клубови денеска беа домаќини, Еурофарм го пречека Вардар, а Пелистер го пречека Пролет.

Во првиот натпревар во Битола силите ги одмерија Еурофарм и Вардар. Македонскиот и европски шампион повторно остана непоразен. Вардарци повторно покажаа дека се надмоќни и без конкуренција, совладувајќи го домаќинот со 22:39.

Во вториот натпревар Пелистер го угости Пролет и ја оствари својата втора победа. Со резултат од 23:19 на Пролет, Пелистер додава три бода на своето бодовно конто.

На врвот на табелата останува Вардар со 21 бод, промена има на втората позиција на која сега се наоѓа Металург кој со победата над Охрид додаде нови три бода на своето бодовно конто и сега има 16 освоени бодови. Еурофарм сега се наоѓа на 3. позиција на табелата со 13 освоени бодови, Пелистер на 4. позиција со 6 освоени бодови, Пролет е на 5. позиција со 4 освоени бодови, а на последната, 6. позиција останува Охрид кој има само еден освоен бод.