Connect with us

Фудбал

Вардар подготвени за натпреварот против Скопје, 3 натпревари во ред немаат победа Вардарци

Само два дена имаа Вардарци да се подготват за утрешниот натпревар против Скопје во рамките од Првата лига. Во четвртокот вечерта „црвено-црните“ гостуваа во Сан Себастијан на Реал Сосиедад во рамките од групната фаза од Лигата на Европа, а веќе утре ќе ги продолжат натпреварите од домашниот шампионат.

Екипата на Скопје од Автокоманда доаѓа на Арената „Филип Втори“. Првиот натпревар во овој шампионат заврши нерешено 1:1, а на овој меч нашиот тим ќе бара враќање на победите после трите натпревари од домашниот шампионат без триумф (едно „реми“ и два порази).

Дуелот започнува во 13:30 часот. Во моментов Вардар има 20 бодови од 11 одиграни натпревари и се наоѓа на третото место, додека ФК Скопје ја бараат втората победа ова сезона откако претходното коло ги совладаа Пелистер на домашен терен.