Connect with us

Фудбал

Вардар поразен и на „Аноета“

Вардар го доживеа четвртиот пораз во Лига Европа, во четвртиот дуел оваа сезона. Вардар се враќа дома без освоени поени, а домаќинот слави со 3-0 (1-0).

Вилиан Жозе, играч на Реал Сосиедад во 26. минута биеше кон голот на Вардар, но за среќа на Вардар судијата означи офсајд, па постигнатиот гол беше поништен. Со оваа одлука не се согласуваше тренерот на Сосиедад, но помошниот судија беше сигурен во одлуката. Погледнете:

31 минута му беа потребни на Реал Сосиедад за да постигнат гол на домашен терен, иако и претходно постигнаа гол во 26. минута, но судијата означи офсајд.

Со голот на Хуанми на Аноета, Сосиедад стигнува до 1-0. Голот го намести Серхио Каналес.

Во 69. минута домаќинот дојде до двојно водство благодарение на прекрасниот гол на Де Ла Бела. Голот го асистираше Андони. Погледнете

Хон Баутиста носи нова радост за навивачите на Сосиедад откако постигна гол во противничката мрежа и зголеми на 3-0. Серхио Каналес асистираше.