Connect with us

Ракомет

Вардар со Дисингер ќе му го наплаќа долгот на Мешков Брест

„Црвено – црните“ пред два дена загубија ви СЕХА лига од белорускиот шампион (35:20). Но, утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде друка приказна. Вардарци одат на два бода со новото засилување Германецот Кристијан Дисингер, кој ќе го замени суспендираниот Борозан

Македонскиот ракометен шампион Вардар, утре (17.30 ч) во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде пред нов предизвик во Лигата на шампионите. Вардарци во минатото коло од елитното натпреварување загубија од полскиот шампион Киелце, а имаат и два порази во Регионалната СЕХА лига од ППД Загреб и Мешков Брест. Токму белорускиот шампион пак ќе им застане на патот на  „црвено – црните“ но овој пат на домашен терен и во рамките од А – групата во Лигата на шампионите.

-Се подготвивме најдобро што можевме за дуелот со Мешков Брест. Тежок натпревар со оглед на тоа дека по 15-тина дена пауза поради репрезентативните обврски само два дена можевме да работиме заедно. Мешков Брест е одличен тим, има силна одбрана, брз напад во текот на целиот меч, но нашата цел е победа и два бода, изјави тренерот на „црвено – црните“ Роберто Гарсија Парондо.

Вардар на овој натпревар ќе мора да се снаоѓа без помошта на бекот Вуко Борозан, откако ЕХФ реши дополнително да го казни за направениот црвен картон врз Јурецки на мечот против Киелце

-Вуко Борозан доби директен црвен картон по 13:05 минути игра за удирање на противникот во пределот на лицето. Ова однесување е преагресивно и невнимателно, претставува сериозна опасност за физичкиот интегритет на противникот и затоа Борозан се казнува со еден натпревар неиграње – се вели во „пресудата“ на Дисциплинската комисија на ЕХФ.

Тимур Дибиров пак е казнет од 3.000 евра поради покажаниот среден прст кон навивачите на Киелце, исфрустрирана реакција на крилото на Вардар по првиот пораз сезонава. Алекс Душебајев, кој исто како и Борозан доби црвен картон на дуелот меѓу Кјелце и Вардар, не заработи дополнителна суспензија.

На местото на Борозан ќе игра новото засилување Кристијан Дисингер, кој ќе дебитира за Вардар на мечот протов Мешков Брест.

-За Дисингер ова ќе биде прв натпревар. И ние скоро дознавме дека нема да игра Борозан и не можам да разберам зошто доби суспензија. Немаше намера, тоа беше во жарот на играта и го призна тоа. Не се согласуваме со одлуката, но мора да ја прифатиме , вели Парондо.

Вардар моментно има осум бода и е на второто место на табелата, прва е Барселона со истот толку бодови, а трет Киелце кои исто така има осум бода.