Connect with us

Тајмаут

„Ватрените“ на мета на великаните – тројца фудбалери меѓу десетте на кои значително му порасна цената

Светскотот првенство во Русија значително ја подигна цената на неколку фудбалери на Хрватската репрезентација. Тоа и не е чудно, со оглед на фактот дека „Ватрените“ одиграа турнир за паметење.

Меѓу лигите каде има зголемен интерес за хрватските фудбалери е и Премиер лигата, а угледниот „Guardian“ објави текст со десеттина играчи на кои вредноста значително се зголемила благодарение на нивните импресивни настапи во Русија.

Најинтересно е тоа што меѓу десетте одбрани играчи се најдоа најмногу хрвати, дури тројца од стартниот состав на „Ватрените“, а тоа се Иван Перишиќ, Домагој Вида и Шиме Версаљко.

Откако не успеа да се избори за место во стартниот состав на Атлетико Мадрид на позицијата десен бек, на Врсаљко ова лето нема да му недостасуваат понуди. „Guardian“ наведува дека Версаљко тргна по стапките на Срна и донесе вистинско освежување на позицијата десен бек. Неговата издржливост и играта што ја покажа беа одлични, особено против Англија.

Вида откако направи трансфер во Бешикташ доживеа мал пад во формата, но сето тоа го надомести во репрезентативниот дрес. Турскиот клуб сега би можел да профитира на евентуален трансфер на 29-годишниот стопер. За неговите услуги наводно е заинтересиран Ливерпул кој сака да го спои стоперскиот пар на „Ватрените“ Ловрен – Вида. За овој трансфер се спомнува цифра од околу 20 милиони евра.

Исто така нема да биде изненадување и трансфер на Иван Перишиќ од Интер. Везистот на хрватската репрезентација „експлодира“ на завршницата на Светското првенство и му помогна на Хрватска да дојде до финалето. Неговата игра во репрезентативниот дрес го зголеми интересот за него на Манчестер Јунајтед кој минатото лето имаше испратено понуда до Интер, но сега интересот за него е значително поголем и посериозен.