Connect with us

Фудбал

ВБА го отпушти Пјулис

Премиерлигашот Вест Бромвич Албион му додели отказ на менаџерот Тони Пјулис, поради слаби резултати.

ВБА во саботата загуби од Челзи со 4:0 на домашен терен. Тоа беше четврти пораз во серија, по што раководството на клубот реши да ја прекине сорабтоката со Пјулис.

 Во интерес на клубот донесовме одлука да се разделиме со Пјулис. Не беше лесно да се решиме на таков чекор, но мораше нешто да промение изјави Џон Вилијамс, претседателот на клубот.

ВБА по 12 рунди во Премиер лигата се наоѓа на 17. место со 10 освоени бода од можни 36.