Connect with us

Кошарка

Вејд се подготвува за „монструозниот“ договор во Кина

Легендата на НБА тимот Мајами, Двен Вејд, и понатаму размислува за тоа да ја продолжи својата професионална кариера, а кинескиот тим Синкјанг Флајинг Тајгерс е подготвен да му понуди цело богатство.

Вејд моментно ја промовира својата нова линија кошаркарски патики за кинескиот произведувач на спортска опрема Ли – Нинг, а дваесеткратниот Ол – стар играч истакна за медиумите околу потенцијалната селидба во Кина.

Кога ќе се вратам од Кина, ќе се концентрирам на тоа, но сега морам да размислам што ќе се случи по кошарката. Засега сум сторил се во мојата кошаркарска кариера и сега сум во позиција да направам нешто што се уште не е направено. Ќе мислам добро, изјави НБА шампионот од 2006, 2012 и 2013 година.
Вејд минатата сезона играше за Кливленд минатата сезона за минимален ветерански договор кој изнесуваше 2,3 милиони долари, а најголем договор во кинеската ЦБА во претходната сезона имаше поранешниот НБА играч, Џими Фредер, која заработи 1,8 милиони долари.

Најплатениот кошаркар надвор од НБА е Русинот Алексеј Швед, кој за три сезони во Химки заработи повеќе од 10 милиони долари.

Во претходната сезона, во Кливленд и Мајами, Вејд бележеше во просек по 11,4 поени и 3,4 асистенции по натпревар.
Тимот од северозападна Кина во прелазниот рок веќе го ангажираше НБА играчот, Ал Џеферсон.