Connect with us

Тајмаут

Веќе не е во форма како порано: Ето се опушти во пензија и се здебели како никогаш досега

Легендарниот камерунски напаѓач Самуел Ето пред речиси три години реши да стави крај на својата играчка кариера со која може многу да се гордее.

Ето најубавите денови во кариерата ги помина во Барселона и Интер со кои освои се што можеше. Камерунецот играше најдобро во дресот на каталонскиот клуб, но имаше и две фантастични сезони во Интер.

Откако во 2010 година стана европски шампион со Интер, реши малку да се сврти на некои други работи.

Тој ги изненади сите кога отиде во Анжи, Русија во 2011 година, но беше јасно дека парите му беа приоритет број еден во тоа време. Решил да заработи што повеќе пари и да живее мирно до крајот на животот, бидејќи и тогаш постигнал се што можел во фудбалот.

Ето подоцна се врати на големата сцена и играше за Челзи и Евертон, но беше јасно дека повеќе не е на врвно ниво. Кариерата ја заврши на крајот на 2019 година по една сезона во Катар.

По завршувањето на кариерата, Ето се посвети на други работи во животот, но сепак е многу приврзан за фудбалот. Сепак, овој 41-годишник малку се опуштил во пензија и повеќе не е во форма како порано.

Ето беше познат по тоа што беше меѓу најподготвените играчи во секој тим, но јасно е дека неговото пензионирање многу влијаеше на неговата физичка подготвеност. Денеска е многу поопуштен и ужива во животот, поради што „накачи“ неколку килограми вишок.