Connect with us

Фудбал

Венгер го доби на подарок највредниот трофеј во историјата на Арсенал

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, како подарок за простување го доби трофејот, кој клубот го освои во сезоната на „Непобедливите“.

Се работи за трофејот од сезоната 2003/04, кога тој и неговите фудбалери ја освоија титулата во Премиер Лигата без пораз во текот на целата сезона.

Арсен за последен пат излезе на „Емирати“ и се прости од навивачите, а како награда за неговата работа и напор доби непроценлив трофеј – златен пехар, специјално изработен за да ја овековечи оваа специјална сезона.

Францускиот експерт неодамна објави дека се повлекува од позиција на менаџер на „топџиите“ по 22 години на чело на тимот.

Кој ќе го наследи Венгер се уште не е познато. Од друга страна, Арсен планира да направи кратка пауза, а потоа можеби, според него, ќе преземе друг клуб.