Connect with us

Фудбал

Венгер го кради стоперот на Вест Бром од Гвардиола

Арсенал го финализираат потпишувањето на Џони Еванс од Вест Бром. Арсен Венгер беше доста заинтересиран за поранешниот играч на Манчестер Јунајтед во текот на летото, но Бром ја одби понудата од Топџиите, како и понудите од Манчестер Сити и Лестер Сити.

Вест Бром сега е отворен за продажба на 30-годишниот, бидејќи Алан Пардју има потреба од средства за нови трансфери овој месец. Според “The Sun”, Арсенал е на чекор од договор вреден 25 милиони фунти со “Вест Бром” за Ирецот.

Сити остануваат заинтересирани за Еванс, додека Пеп Гвардиола сака овој месец да потпише нов централен дефанзивец, заедно со Алексис Санчез од Арсенал.

Топџиите моментално ја предводат трката за Еванс.