Connect with us

Фудбал

Венгер го сруши рекордот на Фергусон

Арсен Венгер вчеравечер го забележа својот 811 натпревар на менаџерската позиција во Премиер лигата и го собори рекордот на легендата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

68-годишниот Французин рекордот го постави на натпреварот Вест Бромвич Албион – Арсенал кој заврши нерешено 1:1.

На овој дуел Венгер по 811-ти пат седеше на тренерската позиција на Арсенал, додека Фергусон 810 пати го предводеше Јунајтед во Премиер лигата.