Connect with us

Фудбал

Венгер: Новиот стил на живот ме заморува

Арсен Венгер од завршувањето на претходната сезона е слободен тренер и моментално е без ангажман.

После 22 години поминати на клупата на Арсенал, Венгер летово ја заврши својата кариера на „Емирати“ и одлучи да одмори. Меѓутоа, изгледа дека овој начин на живот малку му е досаден, затоа што така звучеше на последното интервју.

„Воопшто не се чувствувам како да сум во пензија, но ова по млаку ме фрустрира и ме заморува. Јас сум натпревар по природа, таков човек сум и ни недостасува тоа во животот сега. Морам да признаам дека ми фали работата“, искрено кажа Венгер, па додаде:

„Секако, не ми недостасуваат баш сите работи кои ги носи фудбалот, затоа што ми е убаво без оној притисок со кој долго време се носев. Но, не го завршив своето. Лугето ќе ве отпишат кога ќе дојдете во некои зрели години, но јас ќе продолжам се додека имам апетит за животот и фудбалот“.

Арсен Венгер, чија тренерска кариера трае 35 години, додаде и дека воопшто немал никаков контакт со Милан, иако неодамна многу се шпекулираше за тоа дека би можел да го преземе италијанскиот гигант.