Connect with us

Фудбал

Венгер: Останувам во фудбал, зависник сум од играта

Францускиот менаџер Арсен Венгер, во натпреварот со Хадерсфилд, последен пат седеше на клупата на Арсенал, а по тој натпревар тој рече дека сигурно ќе остане во фудбал и во иднина.

Венгер ги напушта „Топчиите“ по 22 години, поради што беше пречекан со овации на стадионот Кирклс во 22. минута од натпреварот.

„Не знаев што се случува, тоа беше фантастично. На еден посебен начин сум поврзани со овој стадионот затоа што Херберт Чемпен во Арсенал дојде од тука, и тој е нашиот најголем менаџер. Сето ова има посебно значење“, изјави Венгер по повод гестот на навивачите.

Победата за Венгер со која се збогуваше од Арсенал ја донесе Обамејанг во 38. минута , сепак, клубот од Емирати, најверојатно, нема да биде последен за 68-годишниот специјалист.

„Ќе останам во фудбалот, дефинитивно. Без разлика дали ќе водам некој клубот или некој поинаков вид на работа. Јас сум зависен од фудбал и мислам дека за тоа не постои лек“, рече тој.

Арсенал во Премиер лигата заврши на шестото место со 54 поени и повторно ќе игра во Лига Европа следната сезона.