Connect with us

Фудбал

Венгер пред дербито значително ослабен, евентуална можност за настап има Озил

Арсенал игра многу важен натпревар во среда против екипата на Конте, Лондонски Челзи. Проблемите на францускиот стратег се во листата на повредени играчи.

Менаџерот Арсен Венгер откри дека листата на повредени фудбалери во Арсенал е навистина голема, но и истакна дека Месут Озил би можел да се најде во тимот за утрешниот натпревар.

„Листата на повредени фудбалери во овој момент е прилично долга, ги Колашинац и Кошчелни, а од претходно повреди имаат Монреал, Жиру, Рамзи и Озил. Од нив евентуална можност за настап имаат Озил и Кошчиелни, а Колашинац ќе биде надвор од терените две недели“, откри Венгер пред дербито со „сините“.

Арсенал во овој момент има 38 бодови после 21 одиграни кола и се наоѓа на петата позиција.