Connect with us

Фудбал

Вентура: „Не поднесов оставка, но му се извинувам на навивачите„

Вентура одби да поднесе оставка, се извини на италијанските навивачи за резултатот, откако не успеаја да ја водат Италија на Светското првенство за првпат по 60 години.

По натпреварот, тренерот Вентура смирено зборуваше на прес-конференција:

Јас не поднесов оставка, бидејќи уште не сум разговарал со претседателот, започна Вентура.

Во фудбалот, кога ќе постигнете успех, заслужено или незаслужено, тоа многу се менува и кога не го добиете очекуваниот резултат, секогаш е одговорен тренерот. Долги години сум во фудбалот и знам како да ги прифатам работите. Најголемата грешка? До крајот на натпреварот против Шведска бевме во полн замав и на очекуваниот пат, па најголема грешка е необјаснив недостаток на реализација.

Му благодарам на навивачите на Сан Сиро, тие ни помогнаа до последната минута. Атмосферата беше уникатна и извонредна.