Connect with us

Фудбал

Верати: ПСЖ без Нејмар, како Барселона без Меси

Играчот од средниот ред на ПСЖ и италијански репрезентативец Марко Верати рече дека парискиот клуб зависи Нејмар и го спореди со Меси во Барселона.

– Во Лигата на шампионите беше тешко да се спротивставиме на Реал, но ние сме блиску до нивното ниво. Игравме добро во првиот натпревар, но противникот постигна предност од два гола. Голем хендикеп за нас што во реваншот го немавме Нејмар. Тоа е исто како Барселона да е без Меси, потенцира Верати.

ПСЖ е елиминиран во осминафиналето од ЛШ, но во француската Лига 1 сигурно чекори кон враќање на шампионскиот трофеј.