Connect with us

Фудбал

Веројатно прв пат во животот некој му рече „не“ на Роналдо: „Никогаш повеќе не сакам да го видам“

Кристијано Роналдо направи еден од најсрамните потези во кариерата на Гудисон Парк во саботата по натпреварот Евертон – Манчестер Јунајтед.

Јунајтед разочара, загуби од Евертон со 1:0, а Роналдо обично не сака да губи. Португалецот беше видно исфрустриран и лут по натпреварот во кој не покажа ништо, за потоа срамно да удри по рака еден навивач на Евертон, со што му го собори мобилниот телефон кој падна на земја.

Станувало збор за 14-годишно момче чија мајка го прогласила Роналдо за криминалец бидејќи удрило дете кое само сакало да го снима.

Сара Кели, мајката на момчето Џејк, тврди дека Роналдо му се извинил преку социјалните мрежи и го повикал на натпреварот, но …

„Тој се извини на социјалните мрежи, но мораше да го направи тоа лично. Беше разочрување затоа што Роналдо беше причината зашто Џејк сакаше да оди на натпревари. Сега Џејк не сака не сака да оди на натпревари, ми рече дека веќе не сака никогаш да го види Роналдо“, изјави Сара за Телеграф.

„Џејк е многу вознемирен поради тоа што се случи и беше целосно обесхрабрен да оди на натпревари. Ова беше негов прв натпревар и еве што се случи. Беше прекрасен ден кога играчите го напуштија теренот. Тој ни го уништи денот и си замина, ни даде горчлив вкус “, додаде мајката на момчето.

Роналдо, ќе потсетиме, му испрати извинување на момчето.

„Никогаш не е лесно да ги контролираме нашите емоции и нерви во такви тешки моменти како што ги имаме во Манчестер Јунајтед. Сепак, секогаш мораме да имаме почит, трпеливост и да бидеме пример за младите луѓе кои го сакаат овој прекрасен спорт. Сакам да се извинам за она што е можно и го повикувам навивачот да дојдат на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух“, објави Португалецот.

Манчестер Јунајтед имаше намера да покрене истрага за инцидентот, но на крајот беше одлучено дека извинувањето на Роналдо е сосема доволно за да се стави крај и да се затвори оваа приказна.