Connect with us

Други спортови

Верстапен е неверојатен талент

Британецот Луис Хамилтон вели дека очекува поголема конкуренција во Формула 1 наредната сезона, особено тоа се однесува на Макс Верстапен кој последниот период покажа добри перформанси. Хамилтон во минатите пет сезони дури четири пати се закити со титулата, а се чини вистински ривал до неодамна му беше неговиот поранешен клупски колега од Мерцедес, Нико Розберг.

  • Оваа година Ред Бул беа исклучително силни, па можам само да претпоставам дека следната година ќе бидат уште посилни. Мислам дека ќе биде одлично за овој спорт ако Ред Бул се вклучи во борбата со Ферари и Мерцедес, изјави Хамилтон за „Скај Спорт“.

Хамилтон испрати пофалби за младиот Холанѓанец за кого вели дека „вози многу добро оваа година и е неверојатен млад талент“.