Connect with us

Други спортови

Верстапен има „кукавичка“ клаузула во договорот

Макс Верстапен неодамна потпиша договор со Ред Бул вреден 50 милиони евра по сезона.

Верстапен во својот договор вклучи и клаузула за бегство, која на некој начин може да се окарактеризира како кукавичка.

Имено, доколку Ред Бул стане неконкурентен, односно нема доволно добар болид за да се бори за титулата, Верстапен би можел да го напушти овој тим.

Постоењето на клаузулата го призна и шефот на тимот Хелмут Марко.

„Ако чувствуваме пад како во 2014 година, кога немавме никакви шанси против Мерцедес, тогаш јасно е дека има клаузула за бегство“, изјави Марко.

Верстапен минатата сезона во драматичен финиш успеа да го победи Луис Хамилтон и да стане светски шампион, со што ја прекина доминацијата на возачите на Мерцедес.

На стартот од новата сезона главен конкурент на Холанѓанецот е Шарл Леклер од Ферари, а по две воведни трки и двајцата возачи имаат по една победа.