Connect with us

Други спортови

Верстапен незапирлив, шампионот го покори и Абу Даби

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа својата 19-та победа сезонава, триумфирајќи на Големата награда на Абу Даби и со тоа дополнително го „зацврсти“ рекордот што претходно го постави во однос на триумфи во една календарска година.

Верстапен на тој начин го постигна 54. триумф во кариерата и е осамен на третата позиција на вечната листа на возачи со најмногу победи во Формула 1 – најуспешен е Луис Хамилтон со 103, додека на второто место е Михаел Шумахер кој се искачи на врвот на подиумот 91 пати.

Второто место му припадна на Шарл Леклер во Ферари, 18 секунди заостанување, иако Серхио Перез ја мина целта како најблизок придружник на Фестапен – но беше казнет со дополнителни пет секунди. Третото место му припадна на Џорџ Расел во Мерцедес.

Мерцедес го освои второто место во шампионатот на конструктори – со вкупно 409, три повеќе од Ферари.

Леклерк успеа да се избори за четвртото место во конкуренција на возачи, бидејќи ги претекна Норис, Алонсо и тимскиот колега Карлос Саинц.