Connect with us

Ракомет

Веспрем потврди: Соиграч на македонскиот ракометар Манасков има коронавирус

Унгарскиот тим Веспрем на својата официјална страница потврди дека нивен ракометар е позитивен на коронавирус. На барање на ракометарот не го откриваат неговото име, а како што додаваат сите направиле тестови, а само тој бил негативен. Во моментов е во карантин во Унгарија.

-Пред да добијат дозвола од клубот играчите да се вратат дома, тие беа задолжително тестирани на коронавирус и државата можеа да ја напуштат само ако имаат негативен тест. За, жал резултатот на еден наш играч беше позитивен и тој е ставен во карантин во неговата куќа, се вели во соопштението во кое се додава дека поради барањето на ракометарот, нема да биде откриено неговото име.

Во клубот игра и нашиот Дејан Манасков, а вчера пристигна информација дека во Унгарија првенството ќе биде поништено, па нема да има шампион, ниту испаѓања од лигата.