Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Агуеро и Де Брујне го вратија Сити на победнички пат

Манчестер сити со 2-0 беше подобар од Шефилд јунајтед во рамки на 20.коло во Премиерлигата. Агуеро и Де Брујне донесоа триумф за „граѓаните“.

На актуелниот англиски шампион му требаше време да го скрши отпорот на противникот и тоа го направи во второто полувреме. Искусниот Серхио Агуеро во 52 минута ја искористи асистенцијата на Кевин Де Брујн и ја затресе мрежата на Шефилд за голема радост на домаќините на „Итихад“.

Овој резултат беше активен до 82 минута кога Де Брујн одлично се снајде и со одмерен удар во негов стил ги потврди трите бода.