Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ако го нема Нејмар, може и Ди Мариа – Прекрасен гол од слободен удар

ПСЖ и Монако во Кина го одиграа натпреварот од Супер купот на Франција. Натпреварот го доби ПСЖ со високи 4:0, а еден дел од натпреварот го одбележа феноменалниот гол на Ди Мариа.

Тренерот Тухел на теренот испрати комбиниран состав кој сепак се покажа подобар од нешто посилниот составот на Монако.

Од големите ѕвезди на ПСЖ на теренот сепак се најде Ди Мариа кој во 33. минута го донесе ПСЖ во водство од 1:0.

Покрај тоа, Ди Мариа го постигна и последниот гол за ПСЖ во 92. минута и со тоа ги постави конечните 4:0.