Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ако не освои титула сами ќе бидат виновни, погледнете што направи Барселона на гостувањето кај Енис Барди и Леванте

Атлетико Мадрид со 77 лидер, втора Барса со 76, трет Реал Мадрид со 75, до крајот уште три кола. На Барселона и остануваат уште два меча, бидејќи синоќа го одигра својот натпревар од 36.коло. Гостуваше на Леванте и Енис Барди, а таму нешто што ретко се случува. Барселона водеше со 2:0, но на крајот не успеа да победи. Меси и Педри погодија за водство од 2:0, резултат со кој заврши првиот дел. Се доби впечаток дека Барса на овој меч ќе освои три сигурни бодови, но Леванте не мислеше така па притисна силно. Ова донесе неверојатно израмнување на 2:2. Молеро 57-ма, Мораеш 59-та минута погодија за големо резултатско враќање на домаќинот.

Во 64-тата минута Дембеле успева да донесе водство на Барселона. Но, во 82-та минута Леон ги постави конечните 3:3. Македонскиот репрезентативец Един Барди во дресот на Леванте одигра 61 солидна минута.

Атлетико Мадрид вечерва игра против Реал Сосиедад, а Реал Мадрид утре гостува на Гранада.

 

Реклама

Facebook