Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Андре Силва ја сруши Барселона, Реал со пресврт до победа над Јуве

Во склоп на американската турнеја синоќа се одиграа два натпревари, а победи забележаа Милан и Реал Мадрид.

Два италијанско – шпански натпревари се одиграа синоќа. „Росониерите“ го одмериа силите со Барселона и покрај та што „Каталонците во поголем дел од натпреварот беа подобри на теренот, сепак Милан дојде победа.

Единствениот гол на натпреварот постигнат е буквално во последната секунда, кога Андре Силва по асистенцијата на Франк Кеси погоди за победа на Милан од 1:0. За Милан не играа фудбалерите како Калдара или Игуаин, затоа што се во Милно, а не во САД. На другата страна на теренот излегоа новите играчи како Малком, Артуро, Леглет…

Во Ландовер, повеќе од 70 илјади навивачи го следеа дуелот Реал Мадрид – Јувентус. Новиот клуб на Роналдо беше поразен со резултат од 3:1, но сепак голем дел од ѕвездите недостасуваа, посебно кај Јувентус.

Карвахал во 12. минута му донесе водство на Јувентус од 1:0, но Бејл во 39. минута ги врати работите на почеток, а резервистот Асенсио во 47. и 56. минута ја докрајчи „Старата дама“.