Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Англија оди на полувреме со висока предност над Шпанија

Репрезентацијата на Англија на полувреме заминува со високо водство над Шпанија.

Голгетерскиот поход на англичаните започна уште во 16. минута кога по додавањето на Рашфорд, Стерлинг ја затресе мрежата на шпанците за 1:0.

Во 30. минута од натпреварот Англија зголемува на 2:0. Одлична акција во само три потези, Пикфорд ја исфрли топката далеку од својот шеснаесетник кон Кејн, кој успеа да ја освои таа топка и ја додаде до Рашфорд на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата на Шпнија.

Конечните 3:0 на полувреме го постави Стерлинг во 38. минута. Кејн несебично ја додаде топката на Стерлинг кој ја затресе мрежата на немоќниот Де Хеа.

Дали Шпанија ке успее да се врати и да направи нешто останува да видеме во продолжение од натпреварот