Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Арда Туран доби казна за памтење

Турскиот репрезентативец Арда Туран доби жестока казна по инцидентот што го направи на натпреварот помеѓу Башакшехир и Сиваспор (1:1).

Арда во судиското продолжение реши да се справи со помошниот судија, кој сигнализираше прекршок во напад. Тој го турна помошниот судија и заработи директен црвен картон.

Денес стигна и казната за овој инцидент. Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција донесе одлука за казната, а Арда ќе ги пропушти следните 16 натпревари, што е една од најголемите казни за црвен картон.

Исто така, покрај суспензијата, на сметка на Фудбалскиот сојуз ќе мора да плати парична казна од 8.000 евра.

Башакшехир така нема да може да смета на најголемата ѕвезда во одлучувачкиот натпревар во борбата за титулата, а Арда ќе пропушти поголем дел и од следната сезона.