Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барди со два гола ја турна Барселона на колена

Енис Барди и даде два гола на Барселона во натпревар кој изобилува со погодоци и двете беа ремек дела на македонскиот фудбалер.

Барди не погоди од слободен удар, но даде два гола од игра против шампионот Барселона.

На почетокот од вториот дел прекрасно од далечина го погоди горниот десен агол со десната нога, а неколку минути подоцна мајсторски пласираше и со левата во мрежата на Тер Штеге.