Фудбал
ВИДЕО: Барселона може и без половина тим, го нема Меси, тука е Брајтвајт
Без најдобриот Лионел Меси, без столбот во одбраната Пике, без клучната алка во средниот ред Бускетс, без Серхи Роберто, Де Јонг, Ансу Фати, Умтити, практично без половина тим во Киев. Но, нема проблем, Барселона може и без нив. Иако Динамо Киев не е некое мерило, односно на ниво на каталонскиот тим, сепак отсуството на овие играчи најавуваше дека може да има проблеми. Сепак, напротив, Барселона стигна до нова рутинска и убедлива победа овој пат од 3:0 со што уште повеќе се зацврсти напрвото место и може да се каже дека веќе обезбедија пласман во нокаут фазата бидејќи по четири кола имаат 12 бодови. Го нема Меси, го нема Ансу Фати во нападот, но тука е Брајтвајт. Со два гола одлично ја искористи шансата за настап од првата минута. Првиот гол за Барселона беше дело на бекот Дест. Мора да се признае дека и Динамо Киев настапи без голем број првотимци некои поради повреда, но поголемиот дел поради позитивни Ковид 19 тестови.
На вториот меч од оваа група Јувентус на домашен терен се изнамачи против Ференцварош. Одигра 2:1, а згора на тоа и имаше негатива од 1:0. Стрелец на голот беше Узуни во 19-та минута.
Израмнувачкиот гол беше дело на Кристијано Роналдо во 35-та минута. Во втората минута од судиското продолжение Алваро Мората постигна гол за победа од 2:1.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ВТОРНИК
ГРУПА Е
КРАСНОДАР – СЕВИЉА 1:2
РЕН – ЧЕЛЗИ 1:2
ТАБЕЛА: Челзи 10, Севиља 10, Краснодар 1, Рен 1
ГРУПА Ф
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – КЛУБ БРИЖ 3:0
ЛАЦИО – ЗЕНИТ 3:1
ТАБЕЛА: Борусија Дортмунд 9, Лацио 8, Бриж 4, Зенит 1.
ГРУПА Г
ДИНАМО КИЕВ – БАРСЕЛОНА 0:4
ЈУВЕНТУС – ФЕРЕНЦВАРОШ 2:1
ТАБЕЛА: Барселона 12, Јувентус 9, Ференцварош 1, Динамо Киев 1
ГРУПА Х
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БАШАКШЕХИР 4:1
ПСЖ – ЛАЈПЦИГ 1:0
ТАБЕЛА: Манчестер Јунајтед 9, ПСЖ 6, Лајпциг 6, Башакшехир 3.