Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Бесниот Мајк Тајсон претепа човек во авион

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (55) направи тежок инцидент во авионот.

Тајсон го изнервирал еден од патниците кој со однесување ги преминал сите граници, па славниот боксер решил да реагира.

Ајрон Мајк се сврте кон момчето што го малтретираше, а потоа му зададе неколку удари, пишува TMZ.

Тајсон беше многу добро расположен пред летот. Се фотографираше со момците, но тие потоа почнаа да се исмејуваат со познатиот шампион. Ова особено важи за типот кој седна зад Мајк и ги премина сите граници.