Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Безобразниот ривал толку го изнервира Кварезма што тој целосно ги загуби нервите

Познатиот португалски фудбалер Рикардо Кварезма (38) низ кариерата е познат како многу пргав фудбалер.

Момчето кое според многумина беше многу поталентирано од Кристијано Роналдо, не успеа да ја изгради кариерата која ја замислуваше, а причина за тоа е неговата чудна природа.

Знаеше да прави многу глупости на теренот. Никогаш не можеше да трпи неправда, а тоа уште еднаш го покажа вчера на првенствениот натпревар помеѓу неговиот Гимараеш и Белененсес.

Домашниот играч Соуса се обиде да украде малку време лежејќи на теренот во судиското надополнување, откако на мала табла се покажа неговиот број за измена.

Тоа не му се допадна на Кварезма и реши да реагира и да го исфрли противникот од теренот.

Кварезма го подигна ривалот од теренот и го однесе неколку метри, но останатите го спречија, па искусниот фудбалер го пушти противникот.

После тоа на теренот имаше гужва. Во туркањето се вклучија голем број фудбалери, па на крајот паднаа неколку жолти картони.

Меѓу казнетите беа Кварезма и Соуса, но Белененсес успеа да ја задржи предноста до крајот и дојде до победа од 1:0.