Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Битката на дното продолжува Скопје поразен, Победа со нови 3 бода

Шампионот на Македонија, Шкендија денеска го „спушти“ Скопје на дното од табелата откако на денешниот натпревар славеше со 2:1.

Очекувано фаворитот на овој натпревар беше Шкендија, а со победата над Скопје ја оправдаа оваа улога.

Во 2. минута Шкендија со голот на Радески доаѓа до водство од 1:0, а во 13. минута Демир го изедначува резултатот на 1:1 и го враќа Скопје во игра.

На самиот почеток на второто полувреме, во 48. минута Емини му носи на Шкендија второ водство од 2:1.

Точка на натпреварот стави Алими кој постигна гол во 88. минута и стави точка на натпреварот.

Победа со 1:0 ја совлада екипата на Силекс. Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Даноски во 49. минута од натпреварот.