Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Бизарен отказ за фудбалер- Ги менувал табличките за да може да се движи во време на коронавирус

Гванжу Евергранде од Кина му врачи отказ на својот фудбалер Ју Ханчао откако беше снимен како ги менува табличките на својот автомобил за да може да ја избегне казната за забраната за движење во време на полициски час поради коронавирус.

Овој 33-годишен фудбалер поради ова бил приведен во полициска станица, а на видео клипот може да се забележи како ја смени буквата од Е во буквата Ф.  Воедно од Кинеската фудбалска федерација потврдија дека неговиот договор со клубот е раскинат бидејќи ги прекршил сите протоколи. Освен тоа фудбалерот ќе помине 14 дена во затовр, а ќе мора да плати и парична казна од околу 700 евра.