Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Борец без рака спектакуларно го нокаутира противникот

Бразилскиот ММА борец Марни Макс пред неколку дена брутално го нокаутира Дејвид Коста во организацијата „Demo Fight“.

Макс го удри ривалот со висок удар во првата рунда и го испрати на подот. Немаше враќање назад, а Коста брутално спиеше.

Сигурно е интересно што Макс е борец кој нема една рака, но тоа не му е проблем. Тој е многу опасен за сите и Коста го почувствува тоа на своја кожа.

Макс не е единствениот кој се бори со хендикеп. Најпознатиот човек што го видовме во октагонот беше Ник Њуел кој пружи одлични борби во Bellator.

Што се однесува до Макс, тој моментално е на сооднос од четири победи и четири порази.