Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Борозан во тимот на колото

Вуко Боразан, левиот бек на Вардар се најде меѓу седумте најдобри играчи на осмото коло од ракометната Лига на шампиони.

Црногорскиот интернационалец постигна седум голови (видео) во саботата во триумфот (30:26) над Рајн Некар.

Идеален тим во изборот на ЕХФ за 8. коло од Лигата на шампионите:

лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек – Вуко Борозан (Вардар)
среден бек – Мате Лекаи (Веспрем)
десен бек – Жолт Балок (ПИК Сегед)
десно крило – Ласе Сван (Флензбург)
пивотмен – Патрик Винчек (Кил)
голман – Сирил Думола (Нант).