Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Борусија Дортмунд победи, а потоа славеше со „жолтиот ѕид“

Без публика, без заедничка прослава на голови, и со уште многу мерки. Вака продолжи Бундеслигата. Големите љубители на фудбалот би рекле подобро нешто отколку ништо, иако ова не е вистинскиот фудбал кој сме навикнале да го гледаме.

Борусија Дортмунд славеше со 4:0 против Шалке, а прославата на головите покажува дека повеќе не е исто. На крајот од мечот целиот тим на Борусија замина до трибината каде што е „жолтиот ѕид“, односно навивачите, но таму беше празно. Сепак, и без разлика на тоа тие ги отпоздравија своите навивачи.