Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Борусија страшна во дербито, Халанд покажа како се слави гол со физичка дистанца

Борусија Дортмунд славеше со 4:0 во дербитот на колото во Бундеслигата против Шалке. Гол серијата ја отвори Ерлинг Халанд во 29-та минута. Тој по голот покажа како ќе изгледаат прославите на головите во 2020-та бидејќи мора да се држи физичка дистанца.

До крајот на мечот за убедлива победа погодија Гереро два пати и Торстен Аазар.

Резултати Бундеслига 26.коло

Аугсбург – Волфсбург 1:2

Борусија Дортмунд – Шалке 4:0

Фортуна Дизелдорф – Падерборн 0:0

Хофенхајм – Херта 0:3

Лајпциг – Фрајбург 1:1

Ајнтрахт Ф. – Борусија Менхенгладбах 18:30ч.

Недела:

Келн – Мајнц

Унион Брлин – Баерн Минхен

Понеделник:

Вердер – Баер Леверкузен