Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Бостон незапирлив, Ирвинг со рекорд

Кошаркарите на Бостон ја остварија деветтата последователна победа, откако ноќеска во „Филипс Арена“ беа подобри од домаќинот Атланта со 110:107.

https://www.youtube.com/watch?v=h653UM5Twz4&feature=youtu.be

Натпреварот го одбележа Кајри Ирвинг со рекордни за него сезонава 35 поени.

Во Атланта, најефикасен беше Денис Шрудер со 23 поени.

Бостон кој лошо ја отвори сезоната со два пораза, по деветте триумфи во низа се наоѓа на врвот на табелата во Источната конференција од НБА лигата.

Атланта со само две победи и девет порази е на последното 15. место на Истокот.