Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Брат на Погба сам излезе од игра, неговите соиграчи го нападнаа

Флорентин Погба, братот на познатиот Погба кој игра во Јунајте, го одбележа натпреварот помеѓу Генчлербирлиги и Анталијаспор (0:1).

Во клучен натпревар за Генчлербирлиги во борбата за опстанок, Погба го остави својот тим со играчот помалку во натпреварот. Не доби црвен картон, туку сам излезе од игра.

Тренерот на неговиот тим ги искористи сите промени, а 27-годишниот Погба, кој пристигна во клубот во јануари, се пожали на повреда. Тој го извади дресот и ја напушти играта.

Тоа толку ги разлути неговите соиграчи, па го нападнаа веднаш на теренот, дојде до кратка турканица, а потоа се случи и уште поголема по натпреварот, во соблекувалната, јавуваат турските медиуми.

https://twitter.com/TR_Goller/status/993142380193775616