Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Буфон се врати и одбрани пенал

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се врати на теренот по двомесечна пауза поради повреда и го одбележа синоќешниот натпревар во Бергамо.

Буфон во 25. минута одбрани пенал и обезбеди победа за Јувентус над Аталанта во полуфиналето од Купот на Италија.

https://www.youtube.com/watch?v=d3CeyzH0vZU

Пеналот за домаќините беше досуден по прегледување на снимката од страна на судијата Паоло Валери. ВАР технологијата помогна за исправната одлука која арбитерот не ја донесе првично поради маглата и намалена видливост на теренот.

Конечниот резултат е 1:0 за Јувентус со погодокот на Гонзало Игуаин во 3. минута.