Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Чави „откри грешка“ на статуата на Диего Марадона

Интересна ситуација се случи пред прес-конференцијата на тренерот на Барселона Чави Ернандез во Неапол.

Додека одеше кон конференциската сала, Чави во ходникот ја погледна статуа на славниот Диего Марадона и потоа имаше интересен коментар.

„Интересно е што топката е на десната нога, а тој беше левак“, рече Чави додека влегуваше во салата.

Тој на прес-конференција зборуваше и за Марадона кој го носеше дресот на двата клуба.

„Чест е да се игра на неговиот стадион. Дури и денес, кога ќе го спомнеме името на Марадона, чувствуваме посебни емоции“.

„Марадона е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Беше најдобар во своето време. Голема е одговорноста и чест, но и дополнителен мотив да се игра на стадионот кој го носи неговото име“, изјави Чави.

Првиот дуел од Европската лига меѓу Барселона и Наполи заврши со резултат 1:1.