Фудбал
ВИДЕО: Дали Македонија доби голгетер? Новиот репрезентативец стрелаше во дербито
Пред неколку дена Дени Мусовски, Американец со македонско потекло се согласи да заигра за македонската репрезентација. Информацијата ја потврди и селекторот Игор Ангеловски, но остануваат само да се средат административните работи.
И додека го чекаме Мусовски да го облече националниот дрес, тој продолжува со добрите партии во МЛС лигата. Во дербито на колото неговиот ФК Лос Анџелес славеше против ЛА Галакси со 2:0. А, стрелец на едниот гол беше токму тој. Во 58-та минута Мусовски го отвори резултатот за 1:0 со прекрасен лоб удар од работ на шеснаесетникот. До крајот конечните 2:0 ги постави Карлос Вела.
Инаку, на пет меча во МЛС лигата, Мусовски има пет погодоци.